Кавадарчани испуштија високо водство па спасуваа бод а битолчани промашија седмерец во последните секунди
Плеј оф и плеј аут ракометните групи викендов донесоа возбудливи натпревари во кои доминираа гостите.Во ракометниот плеј оф се одигра 2 коло. Охрид одигра 25-25 со Бутел а Вардар потклекна дома и загуби во големото дерби од Еурофарм Пелистер со 24-25. ГРК Тиквеш одигра натпревар полн со пресврти со тимот на Еурофарм Пелистер 2 кој заврши 31-31. Двете екипи имаа свои моменти и се менуваа во водство. Во финишот Тиквеш поведе со 27-24 а имаше и напад за + 4. Меѓутоа кавадарчани направија премногу почетнички грешки и му овозможија на противникот во последната минута да влезе со резултат 29-31 и напад. Но прво Велков брани зицер а Кондев реализира контра за да неколку секунди потоа Симиќ украде топка а Кондев реализира за 31-31. Во последните секунди битолчани не реализираа седмерец па двете екипи мораа да се задоволат со бод. Да споменеме дека Тиквеш средбата ја одигра без првиот пикер и клучен играч во одбраната Никола Стефановиќ кој се повреди веке во 3 минута. Кондев реализираше 11 голови а Симиќ 8.Во плеј аут групата Пролет – Струга 35-30 и Скопје – Прилеп 23-22.И кај прволигашите целосно доминираа гостите. Во плеј оф групата во дербито Вардар Неготино – Алкалоид 21-27, Младост – Голден Арт 24-29, Работнички – Аеродром 23-27, Јехона – Куманово 26-30 и Драчево – Јуниор КВ 28-35. Единствената домашна победа беше забележана во прволигашкиот плеј аут каде Преспа го совлада Кичево. Во останатите средби Борец – Македонија ЃП 25-25, Партизан – Астраион 19-34 и Шампион – Металург РА 27-32.
М.В.