МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

8 КОЛО ОД ПЛЕЈ АУТОТ КАЈ РАКОМЕТАРИТЕ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ БИТНИ ПРОМЕНИ

Продолжуваат возбудувањата во ракометната супер лига барем кога станува збор за плеј аутот. Лидерот на табелата, екипата на ГРК Тиквеш на домашен терен е фаворит во дуелот со екипата на Јуниор КВ и со реални можности да го задржат врвот на табелата. Второпласираниот тим на КЛ 7 го игра дербито со Прилеп и со евентуална победа ке се одлепи на + 6 од прилепчани. Второто дерби го играат Радовиш и Работнички.Радовишани по стартните 4 порази нанижаа три победи во серија и со победа ке се израмнат со скопјани.Доколку Радовиш и КЛ7 победат а истото го сторат и кавадарчани тоа ке значи дека Тиквеш и КЛ7 ке се издвојат осамени на врвот а Младост со евентуална победа против Астраион во натпреварот во кој богданчани се апсолутни фаворити би го превзеле третото место на табелата. Да напоменеме дека средбата ГРК Тиквеш - Јуниор КВ се игра во сабота во салата Јасмин со почеток од 16 часот и директен пренос на РТК.МК

М.В.