МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕД САМИОТ КРАЈ НА ПРВЕНСТВАТА -ПАНДЕМИЈАТА КОВИД 19 -ДОНЕСЕ НОВИ ПРАВИЛА НА ИГРА ВО ФЕДЕРАЦИИТЕ

Одлуката на Владата која донесе одлука сите инволвирани во спортските натпреварите да мора да направат ПЦР тест пред секој натпревар, независно за која конкуренција и кој спорт се работи внесе доза на загриженост како кај клубовите така и кај федерациите.Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да им достави ПЦР тестови за детекција на коронавирусот на сите клубови од Суперлигата, Првата лига и Женската лига или вкупно 45 а истите ќе ги добијат тестовите за тестирање на сите играчи пред секој натпревар но плус, дополнително ќе мора да бидат тестирани и официјалните лица на натпреварите.Тестирањето треба да го спроведе лиценциран доктор најрано 24 часа пред одигрување на натпреварот и резултатите заедно со формуларот веднаш да бидат доставени до РФМ, но не подоцна од 10:00 часот на денот на одигрување на натпреварот. Од Суперлигата остануваат да се играат уште осум кола, а исто е и кај дамите и кај прволигашите. Плус треба да се играат уште шест средби на завршните турнири во Купот на Македонија, како и бараж мечот за следната сезона во елитното друштво.

И кошаркарската федерација ќе достави Rapid PCR тестови за детекција на заразната болест COVID – 19 до сите клубови учесници во Прва лига-мажи, Прва лига-жени, и Втора лига-мажи, вклучени во системот за натпреварување во сезоната 2020/2021.

Фудбалската федерација информираше дека 30 екипи од Прва МФЛ и Втора МФЛ - Исток и Запад заедно со службените лица на натпреварите пред одигрување на претстојното 29 коло во првата и 24 коло во вторите лиги ќе направат ТЕСТИРАЊЕ - Молекуларна RT - PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје во организација на ФФМ. ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб).Епилогот е следен.

Третолигашите редовното коло претстојниов викенд ке го паузираат и ке чекаат дополнителни информации.

Фудбалските прволигаши и второлигаши, како и кошаркарите и ракометарите ке играат.

Се поставува прашањето како понатаму. Како и кој ке ги покрива трошоците за тестирање во наредните кола бидејки сите клубови во сите спортови се во незавидна финансова ситуација заради пандемијата.

Кавадаречките клубови од највисок ранг, пред се ГРК Тиквеш и ЕуроНикел ке имаат и дополнителни проблеми бидејки салата Јасмин ке се претвори во регионален центар за вакцинација и во неа нема да се игра. Ракометарите веке нешто најавија дека од следното коло најверојатно средбите би ги играле во Неготино. Но кошаркарите имаат поголема мака бидејки најблиската сала која ги исполнува сите услови е онаа во Гевгелија. Но каде ке има потреба за екстра трошоци.Ке се чекаат од коло во коло официјалните известувања од федерациите или можеби и од владата за кои благовремено ке ве известуваме. И за крај никој не ја знае опцијата што ке се случи ако брзите тестови покажат дека поголем дел од тестираните спортисти во една екипа се позитивни.

М.В.