МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК ТИКВЕШ - РАБОТНИЧКИ 25:18 (14:8)КАВАДАРЕЧКИТЕ РАКОМЕТАРИ И СЛЕДНАТА СЕЗОНА КЕ ИГРААТ ВО РАКОМЕТНАТА ЕЛИТА

Во рамките на претпоследното суперлигашко плеј аут коло ракометарите на ГРК Тиквеш во Неготино го пречекаа тимот на Работнички и со победата од 25:18 и дефинитивно обезбедија опстанок во супер машката лига во следната сезона. Кавадаречките ракометари сите дилеми околу победникот ги решија веке во првиот период во кој постојано беа во предност која постепено ја зголемуваа па на полувреме имаа сигурни 14:8. Екипата на ГРК Тиквеш имаше целосна контрола и на играта и на резултатот и до крајот одиграа рутински, смирено и ја сочуваа предноста бидејки гостите немаа решение за играта на Тиквеш па на крајот беше 25:18 за домашните. Со оваа победа ГРК Тиквеш го потврди опстанокот па дуелот од последното коло против екипата на Прилеп на гости ќе биде само за првото место на табелата. Радовиш забележа важна победа нагости кај КЛ 7 СО 23:24 и си ги отвори вратите на опстанокот додека КЛ 7 ке игра ранг подоле. И прилепчани се блиску до опстанокот откако славеа со 33:37 во Богданци. И Астраион загуби дома со 16:25 од Јуниор КВ. Последното коло ке го донесе само распоредот на позициите 1, 2 и 3. Тиквеш сигурно ке игра следната сезона бидејки има подобар меѓусебен скор со радовишани. Токму средбата Прилеп - ГРК Тиквеш треба да ги даде сите одговори. Доколку Прилеп победи тие ке бидат први Тиквеш втор а Радовиш трет. Доколку кавадарчани победат тие ке бидат први радовишани втори а прилепчани ке играат бараж за опстанок.

М.В.

193283337_871447480379868_8244365632568034827_n 193164104_165908332171923_738514263437066481_n