МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГРК Тиквеш има тешко гостување кај Металург во четврток

Денес, утре и задутре ракометните суперлигаши ке го одиграат вонредното 15 коло. Денес својот натпревар ке го одиграат Бутел и Струга а скопјани по поразот во Кавадарци се апсолутни фаворити. Утре Прилеп на домашен терен е фаворит во дуелот со Скопје исто како и Охрид во дуелот со Радовиш. Утре ке се одигра и големото дерби во Битола каде Еурофарм Пелистер ке го пречека Вардар. Во четврток на програмата се два мини дерби натпревари. Пролет во Скопје го пречекува Еурофарм Пелистер 2 а Металург ке го нагости ГРК Тиквеш. Кавадарчани се свесни дека мора да ги искористат сите турбуленции кои го тресат Металург но исто така знаат дека и покрај сите проблеми кои ги има скопскиот тим ке имаат силен и квалитетен противник што е најава за квалитетен натпревар.

М.В.