МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Машката ракометна репрезентација ке игра квалификации против Португалија, Турција и Луксембург

Кај ракометните суперлигаши се разжестува борбата за титулата но и онаа за опстанок во елитата. Во плеј офот во рамките на 3 коло утре се среќаваат Еурофарм Пелистер 2 – Вардар, Еурофарм Пелистер – Охрид а ракометарите на ГРК Тиквеш првата плеј оф победа ке ја бркаат нагости кај Бутел. Во плеј аут групата двојките се Струга – Радовиш и Прилеп – Пролет.Во прволигашкиот плеј оф утре ке играат Голден АРТ – Вардар Неготино, Куманово – Работнички и Алкалоид – Јехона.Во недела ке играат Јуниор КВ – Младост и Аеродром – Драчево. Во плеј аут групата двојките за утре се Металург РА – Партизан и Кичево – Шампион а во недела се среќаваат Текстилец – Преспа и Астраион – БорецКога сме кај ракометот да споменеме дека машката сениорска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на ЕП во 2024 година а тоа се селекциите на Португалија, Турција и Луксембург. Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции. Европското првенство ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари 2024 во седум града. Според распоредот, Македонија во првото коло на 12/13 октомври ќе биде домаќин на Луксембург, а три дена подоцна ќе гостува кај Турција. Двомечот со Португалија ќе биде 8/9 односно 11/12 март следната година, по што кон крајот на април следната година следувааат реваншите со Луксембург и Турција

М.В.