МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречани одиграа речиси беспрекорен натпревар и славеа со 24-31

Заврши паузата во македонската ракометна елите. Вчера се одиграа средбите од редовното 17 коло. Не се одигра натпреварот Металург – Вардар заради проблемите со кои се соочува Металург а средбата Еурофарм Пелистер – Охрид се игра денес. На средбите кои се одиграа вчера се постигнаа следниве резултати : Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 37-26, Пролет – Струга 30-22 и Бутел – Радовиш 26-22. Ракометарите на ГРК Тиквеш имаа тешко гостување во Прилеп и се очекуваше неизвесен натпревар. Меѓутоа до тоа не дојде бидејки кавадарчани одиграа беспрекорен натпревар. По само 15 мин игра Тиквеш водеше со 2-9 а на полувремебеше 12-17. Прилеп намали на 14-17 и толку. Кавадарчани повторно се одлепија и рутински одиграа до крај за конечни 24-31. Важна победа за ГРК Тиквеш во борба за место во плеј офот. Симиќ со 7 гола беше најефикасен кај Тиквеш а Јанчев Трпчевски и Темелковски постигнаа по 5. Кај прилеп најефикасен со 6 погодоци беше Шокоски.

м.в.