МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани ги прогласија најдобрите спортисти, колективи и спортски работници за 2021

Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2021„.

Сојузот на спортови на град Кавадарци претходно ги собра сите предлози од клубовите односно спортските колективи за поединечни и екипнии достигнувања. Клубовите предлагаа јуниор, сениор, тренер и екипа. Врз основа на пристигнатите предлози стручна комисија направи рангирање врз основа на постигнувањата во 2021 год. На синоќнешната манифестација беа доделени награди во неколку категрии: таленти, јуниори и сениори. Беа доделени и специјални благодарници на ЗСР Оскар – за организација на балканско првенство во риболов на пливка на Тиквешкото езеро, на Тиквешките точакџии за извозени 950 км за 7 дена на велосипед во рамките на проектот „Од срце за Тоше“, на Меридијан Атлетик Еко Клуб за развој и популаризација на маратонското трчање, на др. Бошко Илиев за промоција на спортско рекреативното пливање за повеке од 100 испливани маратони и промоција на македонските езера,на ОСУС Кавадарци за планинарската патека Љубаш, награди за трајни вредности за 60 год. ПСД Орле и 30 год навивачка група Лозари Исток и за најактивни ветерани на ветераните на КК Тиквеш. Беа доделени и неколку плакети и тоа за посебен придонес за развојот на спортот во градот на градоначалникот Митко Јанчев за уапех на годината на Љубица Бошкова и Анастасија Тодорова за освоеното злато на ФИБА челенџот у-16 во Тбилиси, Грузија, на Страхиња Симиќ како најдобар странец во кавадаречките клубови, на Миле Масларков како најдобар спортски работник. За настан на годината прогласен е пласманот на ГФК Тиквеш во првата лига а плакетата за трајни вредности ја доби најдобриот спортски новинар Мики Виденовиќ за 15 год спортска емисија Спортодром на програмата на КТВ телевизија. И на грај беа прогласени и најдобрите- машки колектив е КК Еуроникел а женски колектив КК Трокал. Најдобар тренер е Никола Златев тренер наТрокал и селектор на женската У16 репрезентација. Најдобар млад спортист е Олгица Орешкова од кик бокс клубот Будо. А спортист на годината е членот на кик бокс клубот Кавадарци – Филип Ризов кој беше петти на светското првенство во Италија,освои бронза на светскиот куп во Будимпешта и сребро на балканијадата

Мики Виденовиќ

viber_image_2022-02-25_11-06-49-832