МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Иако беа само гости нашите стрелци постигнаа забележителни резултати

Стрелците на СК Кавадарци Лилјана Илиева, Лина Нојкова и Никола Караѓорѓев предводени од тренерот Горан Илиев, изминатиов викенд учествуваа како гости на натпревар од 2ро коло Б програма што го организираше Српски стрелачки сојуз на стрелиштето Чаир во Ниш. Домаќин на натпреварот беше СК Ниш 1881 на чело со поранешната репрезентативка и учесничка на олимписки игри Лидија Михајловиќ. Оваа средба се реализира со цел продлабочување на соработката со овој клуб и запознавање со новото стрелиште изградено 2020година со 45 стрелачки места. На ова натпреватување Илиева постигна резултат од 577 кругови, Нојкова имаше скор од 562 а Караѓорѓев од 544 кругови

viber_image_2022-03-01_14-37-35-001 viber_image_2022-03-01_14-37-35-532 viber_image_2022-03-01_14-37-36-045 viber_image_2022-03-01_14-37-36-524

м.в.