МАШКАТА СУПЕРЛИГА КОМПЛЕТНО СТАВЕНА ВО МИРУВАЊЕ А ПРВОЛИГАШИТЕ КЕ ПОЧЕКААТ УШТЕ МАЛКУ
Минатиот петок РФМ ги одложи сите средби од 5. коло од Групата Б во машката ракометна супер лига. Големиот број на заразени ракометари во тимот на Работнички беа главна причина да се донесе ваква одлука. Со одлагањето на сите средби во Групата Б на 15 дена практично е ставен комплетно во мирување машкиот ракомет на домашна сцена бидејќи веќе претходно беа одложени сите средби од Групата А.Воедно немаа да се играат ниту средби од Првата машка ракометна лига која требаше да стартува викендов, па останува да се види како ќе се одвива ситуацијата. Како што е веќе познато имаголем број на заразени ракометари па со цел да нема проблеми со зголемување на бројот на заразени РФМ објави прекин на шампионатот.Според информациите после 15 дена ќе биде направен нов скрининг и доколку резултатите бидат негативни тогаш ќе може одново да се продолжи со сезоната. Но сепак нема информации што ке се случи со групата А каде овој викенд завршува карантинот и најверојатно во четврток ке може да се направи скрининг на сите екипи во таа група. Дали групата А ке продолжи со натпреварите и кога останува да го почекаме официјалниот став на федерацијата
м.в.