Кавадаречките ракометари во плеј офот стартуваат со Еурофарм Пелистер а завршуваат со Вардар

Со одигрување на средбите од 22 коло во машката ракометна супер лига заврши регуларниот дел од сезоната во ракометната елита. Познати се сите екипи во плеј оф и плеј аут групата и која екипа колку бодови пренесува Во плеј офот Вардар стартува од позицијата број 1 и пренесува 5 бода. Еурофарм Пелистер ке стартува како втор и ке пренесе 4 бода. Вториот тим на битол чани стартува како трет и пренесува 3 бода, Бутел е четврти со 2 бода. Тиквеш е петти со 1 бод и Охрид е шести па не пренесува бодови.Во плеј аутот Пролет стартува како прв со 5 бода,Струга е втора со 4 Прилеп е трети со 3, Металург чија судбина сеуште не се знае ако продолжи ке стартува како 4 и ке пренесе 2 бода. Скопје како претпоследен пренесува бод а Радовиш е шести без бодови.Стручњаците очекуваат шампионот да го одлучат директните дуели меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Во второто коло на 25/26 март Вардар ке биде домакин а вториот дуел ке се одигра во 7 коло на 30 април/1 мај во Битола. Тиквеш за прв пат ке учествува во разигрувањето за титулата. Во првото коло на 5/6 март гостуваме во Битола кај Еурофарм Пелистер, потоа во второто на 26/27 март играме дома со вториот тим на битолчани, Во третото коло му гостуваме на Бутел, а во четвртото на Охрид. Во петтото го пречекуваме Вардар а потоа се отпочеток како од првото коло значи дома со Пелистер, па гости со Пелистер 2, па дома со Бутел и Охрид,и завршуваме на гости кај Вардар.

Мики Виденовиќ