Шкупи е новиот шампион но од КМФ Проект обвинуваат и тоа со докази за манипулации и местење

Официјално првенството во првата македонска футсал лига заврши а нов шампион е екипата на Шкупи која заврши на првото место со три бода предност пред минатогодишниот шампион КМФ Проект. Но дали навистина заврши првенството бидејкио во најава е „трето полувреме. Имено од КМФ Проект, реагираат дека првенството е комплетно нерегуларно поради тоа што Шкупи, по 13. коло откако увиделе дека нема да стигнат до титулата, нелегално со манипулации регистрира играчи од и во други клубови кои изненадувачки поминале и на комисијата за регистрација и верификација. Со ова фингирање му се овозможи на КМФ Шкупи освојување на шампионската титула извршено со логистичка поддршка на друг клуб (КМФ Арбен Бајрами), како и комисијата за регистрација и верификација, со нанесување директна штета на КМФ Проект. Конкретно нерегуларноста се направи по завршувањето на натпреварот од 13-то коло помеѓу Шкупи и Проект, каде после поразот од 3:1 и губењето на шансите за освојување на титулата на Шкупи се направи груба манипулација и фингирање на првенството така што се реализираше речиси комплетен „клупски“ трансфер на фудбалерите од Шкупи во следниот противник на Проект, а тоа беше тимот на Арбен Бајрами, кој иако третопласиран, немаше ниту теоретски шанси за освојување на првото место, ниту пак беше загрозен за опстанок, но со јасна и крајно провидна цел местење на натпреварите во последните 4 кола за освојување на титулата од страна на Шкупи! Дека оваа „операција“ за регистрација на цел клуб не е дозволена ниту во преоден рок, потврдува одлуката на Управниот Одбор на ФФМ која е донесена за да спречи токму ваква манипулација, во која децидно е кажано дека: регистрација на играчи во последните 7 кола од тековното натпреварување не е дозволено. Сепак, спротивно на оваа Одлука на Управниот одбор на ФФМ, Комисијата за регистрација и верификација, му дозволува на Шкупи да изврши нелегално регистрирање на овие играчи во третопласираната екипа на Арбен Бајрами, на само 5 кола до завршување на првенството, односно да може во наредното 14-то коло со помош на овие нелегални трансфери Арбен Бајрами да го победи лидерот на табелата Проект и да му овозможат на Шкупи да избие на челната позиција. КМФ Проект бара , ФФМ веднаш да ги разгледа фактите и да го прогласи првенството за НЕРЕГУЛАРНО. Од КМФ Проект ги повикуваат :МВР, Министерот Оливер Спасовски,Основното јавно обвинителство,Јавниот обвинител Љубомир Јовески, Агенцијата за млади и спорт, Директорот Наумче Мојсовски како и сите други надлежни институции да го истражат случајот а од Проект се подготвени да им ги достават сите докази за овој голем криминал во спортот. Поради сите овие девијации и безочни местенки со нерегуларности во едно првенство, КМФ Проект ги извести со дописи и информации и надлежните од УЕФА и за истите ќе бара правна разрешница.

viber_image_2022-03-15_11-24-06-391

М.Виденовиќ