МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Лилјана Илиева, Лина Нојкова и Никола Караѓорѓев ги потврдија и натфрлија личните достигнувања

Изминатиов период стрелците од СК Кавадарци зедоа учество на два мошне силни меѓународни турнири во соседството во Спортско стрелаштво со воздушна пушка. На првиот турнир „Иштван Пољанац“ организиран од воената академија во Белград, Р. Србија, учествуваше само Лилјана Илиева како претставник на селекцијата од Македонија и на истиот испука 604.1 и 607.8 кругови. На вториот натпревар Walther youth Cup и Смедерево опен, учествуваа и боите на СК Кавадарци ги бранеа јуниорите : Лилјана Илиева која имаше резултати од 607.6 и 605.8, Лина Нојкова со 600.7 и 581.3 круга и Никола Караѓорѓев со 598.5 и 597.6 кругови. Кај сите кавадаречки стрелци беа не само потврдени туку и натфрлени личните достигнувања и стекната самодоверба за настап и на посилни натпреварувања.

viber_image_2022-11-10_08-35-48-982 viber_image_2022-11-10_08-35-50-024 viber_image_2022-11-10_08-35-51-564 viber_image_2022-11-10_08-35-52-041 viber_image_2022-11-10_08-35-52-861 viber_image_2022-11-10_08-35-54-512 viber_image_2022-11-10_08-35-54-994

М.В.