МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За кавадарчани овае прва плеј оф победа со која останаа во игра за ракометна Европа

Ракометните суперлигаши го одиграа 4 коло од плеј оф фазата. Ракометарите на ГРК Тиквеш имаа тешко гостување во Охрид кај истоимената екипа но охриѓанецот на клупата на кавадарчани знаеше како треба да се игра против „своите“. Кавадарчани одиграа тактички мудро ја контролираа играта и резултатот и на крај славеа со 26-28. Во братската битолска пресметка помеѓу Еурофарм Пелистер и помладиот брат екипата на Еурофарм Пелистер 2 очекувано победа славеше повозрасниот и поискусниот тим со убедливи 39-18. Средбата Вардар – Бутел не се одигра поради трагичната смрт на членот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот. Во плеј аут групата Струга – Прилеп 26-28 и Радовиш – Скопје 24-21Ракометните прволигаши го одиграа 3 коло. Во плеј оф групата Работнички очекувано загуби од Алкалоид со 22-45 а во дербито во Неготино Вардар на крилјата на Петар Ангелов Диви го совлада Јуниор КВ со 28-22. На останатите средби Драчево – Куманово 30-35, Младост – Аеродром 21-22 и Јехона – Голден АРТ 22-39. Во плеј аут групата Борец - Металург РА 21-35, Партизан – Кичево 26-35, Шампион – Текстилец 24-24 а не се одигра средбата Преспа – Македонија ЃП.

м.в.