Kавадарчани ќе имаат полни раце работа да го склопат тимот за следната сезона

Сезоната 2021/2022 заврши па клубовите сега ке имаат полни раце работа надвор од теренот. Ке треба да се направи рекапитулар за стореното, да се оцени сработеното, да се направи првична стратегија за следната сезона, да се разговара со спортистите околу останување или заминување од клубот, да се биде активен на трансфер пазарот во склад со амбициите за следната сезона. ГРК Тиквеш сезонава ја заврши на 5 место со ист број бодови како и четвртиот Охрид.

Факт е дека клубот можеше и подобро но да не беше катастрофалниот почеток на сезоната.Сепак кавадарчани ке имаат сериозна задача да вкомпонираат тим за следната сезона почнувајки од тренерската позиција бидејки досегашниот тренер Горан Андоновски како што рече самиот пред се од семејни причини го раскина договорот со Тиквеш и се врати во војот Охрид каде ке го превземе тамошниот суперлигаш. Од клубот си замина и Деан Гошевски кој ги засили редовите на новиот суперлигаш Голден Арт а на пат за Германија по уште едно интернационално искуство замина и најискусниот Јане Јанчев. Извори блиски до клубот велат дека и следната сезона во ГРК Тиквеш останува српскиот двоец Стефановиќ и Симиќ. Но сепак јасно е дека под итно треба да се реши тренерската позиција па да почнат да се спојуваат коцките за следната сезона за секоја позиција во тимот.

М.В.