МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова ке биде директна пресметка помеѓу екипите кои конкурираат за местата што водат во плеј офот

Ракометните суперлигаши овој викенд ке ги одиграат средбите од 7 коло последно од првиот круг во ова натпреварување. Ова 7 коло според делегирањето ке стартува веке утре со две средби од групата А. Утре, петок шампионот Вардар е апсолутен фаворит во дуелот со Струга, а фавотитската улога ке ја има и Прилеп во дуелот со Куманово. Од оваа група во сабота Охрид ке го нагости Вардар од Неготино а во недела во дербито ке се сретнат Алкалоид и Бутел. Сите средби од групата Б ке се одиграат во сабота. Дербито ке го одиграат Пролет и Еурофарм Пелистер, во дербито на дното ке се сретнат Радовиш и Скопје додека Јуниор КВ ке го нагости вториот тим на Еурофарм Пелистер. Во борба за позициите кои водат во плеј офот во сабота од 19 часот во салата Јасмин, ГРК Тиквеш ке го пречека тимот на Голден Арт КЛ7

М. В.