МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СПОРЕД ПОЛУДИРИГИРАНИОТ ЖРЕБ СУПЕРЛИГАШИТЕ КЕ ИГРААТ ПРОТИВ ПРВОЛИГАШИТЕ САМО ЕДЕН НАТПРЕВАР

Во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за елиминациското коло од Купот на Македонија. Оваа сезона во Суперлигата и во Првата машка лига играат вкупно 32 екипи, кои беа дел од полудиригираната ждрепка, па во елиминациите ќе играат суперлигаши против прволигаши во само еден натпревар. Термините за одигрување на овие натпревари се 24 или 25 февруари, но екипите што играат во европските купови најверојатно ќе играат во друг дополнителен термин.

Четвртфиналните групи ќе се играат како и досега, со по четири екипи, а најдобрите од групите ке обезбедат место на завршниот турнир. Четвртфиналето е закажано да се игра на 31 март и 1 април, додека Ф4 турнирот треба да биде од 21 до 23 мај. Минатата година ова натпреварување не се одигра заради корона вирусот а последен освојувач во 2019 година е тимот на „Металург“ кој тогаш го совлада „Вардар“ на пенали. Ракометарите на „ГРК Тиквеш“ имаа и среќа со жребот бидејки ке му гостуваат на прволигашот „Шампион“ додека среќата им го сврте грбот на комшиите од Неготино кои ке имаат тешка задача на гости во Битола против првиот тим на „Еурофарм Пелистер“.

м.в.