МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипите имаа лош старт на сезоната иако имаме квалитетни поединци

Што прави кавадаречката и неготинската иднина кога кошарката и ракометот се во прашање. Младинците на Еуроникел категорија М18 одиграа три гостински средби на кои забележаа 2 порази и една победа. Во категоријата М16 Еуроникел има 2 загубени средби и 2 победи. Екипите на Спорт Тим од Неготино и Спортисимо во 3 средби забележаа 3 порази. Во категоријата М14 екипата на Пробаскет има 3 порази од три средби а Спорт Тим одигра само еден натпревар во кој го победи Ролинг. И во категорија М12 Спортисимо одигра 1 натпревар кој го загуби.Кај девојчињата во категорија М18 Јан Бор одигра 1 средба во која победи а Спорт Тим беше поразен во единствениот одигран натпревар. Во категоријата М16 Пробаскет има 1 победа од 1 натпревар. Во категоријата М14 екипите на Јасмин, Пробаскет и Спорт Тим имаат по 1 победа и 1 пораз. И во категоријата М12 Спорт Тим има 1 пораз

Ако сега сумираме кај момците Еуроникел има 3 победи и 4 порази, Спортисимо има 4 порази, Пробаскет 3 порази и Спорт Тим 1 победа и 3 порази или вкупно сите екипи заедно имаат 4 победи и 14 порази.Кај девојките Јан Бор има 1 победа, Пробаскет има 2 победи и 1 пораз, Јасмин има победа и пораз а Спорт Тим има 1 победа и 3 порази или вкупно заедно 5 победи и 5 поразиВо ракометот младинците на ГРК Тиквеш имаат 2 победи и пораз, кадетите имаат 1 пораз и пионерите имаат 2 победи и пораз. Пионерите на Вардар од Неготино имаат 1 победа и 2 порази или вкупно сите заедно 5 победи и 5 поразиЛош старт или лош распоред на стартот на лигите. Имаме ли доволно талентирани и квалитетни играчи и тренери во овие два спорта. Во овие одговори лежи сознанието има ли иднина за кавадаречката и неготинската кошарка и ракомет.

viber_image_2022-11-16_13-26-06-503

М. В.