МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Суперхикс Банда Инструментале - бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со нетрпение ги чека.Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.