МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 12 јануари 1912 година во Ваташа роден Васил Дубров

Тој потекнува од во имотно трговско семејство. Се образувал во Ваташа, Кавадарци, Велес. Васил е еден од најдобрите соколи и гимнастичари во Кавадарци, а на поединечното првенство на Скопска жупа во Скопје во конкуренција на 11 Соколски друштва од Македонија во вежби на вратило, разбој и лесна атлетика го освоил првото место. Во 1936 гoдина работи како наставник по физичко воспитување во нижата гимназија во Кавадарци. Загинал како војник на старата југословенска војска во борба против Германците во Штип во април 1941 година.