МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 10 октомври 1927 година е отворена првата аптека во Кавадарци

На денешен ден 1927 година во приземните простории на хотел “Југославија“ на Петре Камчев Американецот е отворена првата аптека во Кавадарци сопственост на фармацевтот Бошко Марковиќ. Кон крајот на триесетите години од минатиот век во неа како аптекарски помошник работел Васил Хаџи Манов. На фотографијата хотелот и аптеката се наоѓаат под џамијата. Со доаѓањето на бугарскиот окупатор во 1941 г. биле протерани сите срби од Кавадарци, па со аптеката во Кавадарци раководи Васил Хаџи Манов.

Денеска во Кавадарци работат 20 аптеки.

Фотографија на Петре Камчевски