МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oд oвие средства 15 отсто се учество на локалната самоуправа и кои ќе бидат искористени за повеќе намени.

Преку аплицирање со повеќе проекти преку ИПА програмата на Европската унија, а во соработка со општините Алмопија и Пела, општина Неготино успеа да обезбеди средства во висина од 1.000.000 евра Градоначалникот Апостолов информира дека согласно проектите, средствата ќе бидат наменети за повеќе цели и тоа:

- Изградба на главен колектор за отпадни води за приклучување на селото Тимјаник во системот за отпадни води на Неготино

- Изработка на комплетна техничка документација за изградба на пречистителна станица

- За потребите на ЈП Комуналец ќе се набави опрема за оддржување на канализационите системи, т.е. возило „канал џет“ за отпушување на јами и канализации

- За поефикасно работење на локалното комунално претпријатие ќе набавиме ултразвучни мерачи за проток на вода, односно геофони за детектирање на загубите на вода во водоснабдителниот систем на општина Неготино

- Ќе се изврши замена на целото улично осветлување во општина Неготино преку активности за енергетска ефикасност

- Ќе се заменат 1.410 постоечки живини и натриумови светилки со нови лед штедливи светилки, како и дислокација на мерни броила и автоматика во стандардизирани ормани надвор од трафостаницата на ЕВН-вкупно 42 броја

- Интервенции во општинската зграда за подобрување на енергетската ефикасност

- Интервенции во зградата на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ за подбрување на енергетската ефикасност преку инсталација на санитарна топла вода во спортската сала и лабораторијата по хемија, поставување на 5 панелни сончеви колектори, 3 цевоводи со автоматика, поставување на 5 бојлери-резервоари, замена на 95 прозорци во гимназијата со разни димензии и друго.

извор;www.negotino.gov.mk