Матурантите умеат добро да играат
Традиционално како и секоја, така и оваа година на градскиот плоштад во Неготино се одржа настанот „Матурски бал-2017“ на кој стотина матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ го одиграа матурскиот квадрил. Настанот беше проследен од голем број граѓани од општина Неготино, а честитки до матуранти со желби за успех во понатамошниот живот упати директорката на училиштето Оливера Николова.
Извор:negotino.gov.mk