МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Од ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска беа доставени кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, кои што во временскиот период од 25 – 29 март го прекршиле полицискиот час.

Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднесе предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложи за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

За двете деца ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.„- Се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство Кавадарци објавено на Веб страната на истото на 01.04.2020 година .

М.Д.