МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Малиот групен дом за деца со попреченост,кој треба да се отвори во неготинското село Тимјаник и предизвика бурни реакции во јавноста по протестот на жителите против негово отворање,сепак ќе се гради соопшти министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, откако во текот на вчерашниот ден заедно со градоначалникот на Неготино се сретнале со мештаните.

За министерката недоразбирањата се надминати а подготовките продолжуваат.Царовска истакна дека се во комуникација и со другите општини кои се подготвени за отворање на вакви домови а истовремно со Уницеф ја промповираат кампањата „ На секое дете му треба семејство“,која постигнала одличен успех и над 100 лица изразиле подготвеност да згрижат дете.

Веста дека жителите на Тимјаник го намалиле отпорот кон ваквата одлука, ни ја потврди и градоначалникот на Неготино Тони Делков,вели дека ги испеглале сите работи и дека домот ќе профункционира.Претседателот на Советот, Диме Витанов, рече дека најголема причина за ваквиот став на населението било од недоволна информираност за фунционирањето на вакви објекти.

-Министерката заедно со градоначалникот,со пратеникот од општина Неготино,вчера беа на повторна средба во село Тимјаник и инфомрациите се дека жителите се согласни и немаат проблем,за отворањето на домот,таму градежните активности се веќе во тек и штом биде оспособен објектот за сместување на децата очекувам во најскоро време да бидат сместени.Проблемот е во реакциите на нашите сограѓани и недоволната информираност доведоа до непосакувани изјави на дел од жителите на Тимјаник,кои подоцна при нашите средби кажаа дека не се согласуваат со тие изјави и се дадени надвор од нивното целокупно мислење за целата ситуација,рече Витанов.

Жителите на ова село ваквата одлука ја сметаа за закана за иднината на нивните деца и бараа отворање на градинка,што за нив било од голема важност.Групниот дом за деца со попреченост ќе биде отворен во старата амбуланта во центарот на селото, каде што ќе бидат сместени деца од Специјалниот завод од Демир Капија.

Биба Тошевски-Канал 77