МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 23 септември 2020 год. , на Спомен костурницата во Неготино се одржа промоција на третата збирка поезија на Маја Којчева – Величкова наречена „Инкубација на песната“.

Маја Којчева-Величкова е родена во 1983 год. во Кавадарци, но живее во Неготино. Од најмали години омилени ѝ се „игрите со зборот“, па како резултат на тоа во 2002 година ја објавува својата прва збирка поезија „Блесокот на сончевината“, чии рецензенти се писателите Томе и Тамара Арсовски.Со нејзината втора збирка „Јас vol. 2 – Мравка“ (2010) каде рецензенти се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и проф. д-р Јасна Котеска, влезе во потесниот круг за добивање на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2011 година.Таа беше дел и од литературно читање на млади автори во Друштвото на писателите на Македонија ( ноември, 2011), а нејзина поезија е застапена и во алманахот на поетскиот клуб „Мугри“ (2004, 2005, 2006), во литературното списание „Стожер“, „Акт“, „Ш“, „Синтези“, „Бранувања“, како и на веб-страницата на меѓународното Движење 100 000 поети за промена и Движењето за мир.Авторката е застапена и во Антологијата на најмладата македонска поезија „Ветерот носи убаво време“ (2012) како и во Антологијата на авангардна поезија (2013).Добитник е на неколку литературни награди и признанија меѓу кои и наградата „Илинденска повелба“ за литературно творештво.Особено е горда на членството во жири-комисиите за конкурсите „Моето поинакво другарче“ и „Компјутерот мојот прозорец кон светот“.Има објавувано статии и текстови во „Вечер“, и билтенот на „Скопско лето“, а се појавува и како уредник и автор на текстови за веб-страницата „Кафе пауза“. Во 2012 год. успешно ја одбрани магистерската теза „Постмодернизмот и македонското женско писмо“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

120035888_1473868503003020_8056510521548003503_n 120062847_329044904854902_7343608865284329473_n 120087549_1105163556568564_6471648188896797195_n 120097031_344978970190430_6189748030458049497_n 120099502_335878031053787_2927975778637885186_n