МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

=СЕ СРЕДУВА ПЛОШТАДОТ, ПОСТАВЕНИ ШТЕДЛИВИ СВЕТИЛКИ А И СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦА ВО КРИВОЛАК

Урбанизацијата и градежните активности во општина Неготино се одвиваат во полн ек. Во моментов на дел од градскиот плоштад во Неготино се изведуваат активности за санација на оштетувањата на коцките и транвентин плочките. Имено, предходно работници на ЈП„Комуналец“ извршија обжилување на дел од дрвјата на плоштадот со што ја елиминираа можноста и на тој начин се спречи идно оштетување на коцките. По завршените подготвителни работи, работници на „Павер трејд“ ќе извршат замена на коцките околу дрвјата и 2-те чешми на плоштадот, како и промена на оштетените травентин плочки на делови од градскиот плоштад.Паралелно со оваа активност ставени се во функција уште 11 лед штедливи светилки на локација во градот каде што со децении немаше улично јавно осветлување. Истите се поставени на 8 метарски метални столбови на дел од ул „Коста Волканоски“ и дел од ул„ Владо Арсов Шпанац“ на потегот од ул. „Киро Крстев“ до населбата „Саат-кула“ и истите ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во општината. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Да напоменеме и дека со средства во висина од 2.700.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино се асфалтира улица во Криволак во должина од 250 метри. Станува збор за улица која го поврзува центарот на селото со подрачното училиште во кое настава следат 107 ученици а градинка посетуваат околу 30 дечиња. Изведувач на работите е Градба промет, а надзорот и е доверен на фирмата МГ Проект дооел Скопје. М.В.

164647303_2840692719520854_8566103562306780400_n 164974067_871905760320615_6307152639379392806_n 165076958_777734106492252_7527534305576777460_n 165308461_213915860515228_7493616784174743027_n (1) 164876103_164672948834316_731509459186429813_n