ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО БЕА ДОДЕЛЕНИ НОВИ 100-ТИНА ВАУЧЕНИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА И ПЕТ ВАУЧЕРИ ЗА ЛИЦА КОИ СТАПУВААТ ВО БРАК ПО НАВРШЕНА 40 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
Во Општина Неготино денеска беа доделени ваучери со кои се стимулира наталитетот во ова општина.Неготино спаѓа во редот на градовите каде сериозно и се пријде на ова проблематика и има успех во практикување на мерките кои ги донесе Владата но и Општината, наталитетот е зголемен за 20 насто за време од 3 години
-Ние практикуваме неколку мерки за зголемување на наталитетот. Покрај владините, практикуваме и наши општински мерки, вели градоаначникот Ванчо Апостолов.Денеска по трет пат ја практикуваме ова мерка .Во Општина Неготино од август 2013 година родени се вкупно 600 дечиња или во проценти наталитетот во општината пораснал за 20 насто, вели тој.
-Денеска поделивме нови 100-тина ваучери по 7.000 денари. Двојно поголема е сумата и ваучерите -14 илјади денари за секое трето новородено дете.Исто така од лани практикуваме, секое машко ,лице со навршени 40 година кое стапува во брак, да добива субвенции од 30 илјади денари.Денеска имавме 5 такви лица, вели градоначалникот Апостолов.Од овие лица веке имаме и резултат.Тие се женат и имаат првороденчиња.Со овие мерки продолжуваме понатаму.
Билјана Трајкова вели дека е презадоволна од ове мерки за потикнување на наталитетот во Неготино, со средставта кои ги доделува градоначалникот.
-Во иднина само препорачувам, да се отворат повеќе места во градинките бидејки за да влезиме со децата овде чекаме ред.А имаме потреба од тоа, бидејки одиме на работа во смени.Инаку јас сега земав пари за второ дете.Мојот мотив е да го зголемам семејството.
Андов Милан кој ке ја користи субвенцијата од 300 илјади денари за стапување во брак по навршена 40 година вели дека за него ова мерка е добредојдена.
-Мислам дека стимулацијата треба да продолжи да се практикува од локалната васт.Секоја парична помопш е добредојдена,и сметам дека ке биде потик за неготинските егрени.