МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од 18-ти до 20 август, во општина Росоман по шести пат се одржува традиционалниот турнир во улична кошарка .

Во Росман започна шестото издание на „Street ball Ros 2017“ .Организаторот Здружението за спортски активности „Рос-247“ годинава направи одлични подготовки на средбите.14-те екипи кои се пријавени се натпреваруваат во вечерните часови (од 19 до 23 часот) за да се избегнат високите температури. На Street ball Ros 2017“ година настапуваат екипи од Кавадарци,Роосман,Прилеп,Кочани и Неготино.Дефинитивно турнирот ќе донесе многу забава, дружење и интересни дуели. Согласно пропозициите секоја екипа е составена од четири играчи. Надвор од натпреварувачкиот дел, за забавата освен локалната поддршка од диџеи и пријатели на турнирот, финалниот ден ( во недела на 20 август) ќе го збогати ДНК со Pancho. Како и претходните две години, така и годинава натпреварите ќе се играат на новите спортски терени во Росоман.

20937811_10214262574017086_1232159297_n.jpg

Дека турнирот е тема број дененовиве во Росоман говори податокот дека првите средби во петокот и саботата ги следеле голем број посетители.Дојдете утре на финалето на „Street ball Ros 2017“.