МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Росоман, врз основа на Јавниот Повик за учество во активна мерка :Јавни работи од агенција за вработување на Република Македонија, има потреба од ангажирање општи работници.

Општина Росоман објавува ЈАВЕН ПОВИК за вклучување на невработени лица со ниски квалификации во проекти од инфраструктура и заштита на животна средина на локално ниво

Се повикуваат сите невработени заинтересирани лица да се пријават за извршување на јавни работи за потребите на Општина Росоман според Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Јавниот повик се објавува поради потребата на општина Росоман за ангажирање 5 лица, кои доброволно ќе извршуваат активности во правец на:

– Средување на јавните зелени површини

– Кастрење на вегетацијата

– Одржување на селските патишта и фудбалски игралишта

– Како и чистење и оддржување на чистотата на повеќе локации

Времетрањето на ангажманот е 22 дена, кое ќе се регулира со склучување на договор за ангажман. На невработените лица ќе им се исплаќа 400 денари по работно ангажирано лице дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболува.

На корисниците на парична помош за времетраење на мерката ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните лица потребно е да достават – Пријава, копија од лична карта и копија од трансакциона сметка на следната адреса: Општина Росоман ул.Пролетерска 1А со назнака за јавен повик За пријавување на 5 кандидати-општи работници или директно во архива на Општина Росоман.

Рокот за пријавување е 5 дена од датумот на објавување на јавниот повик на веб страната на општина Росоман.

По завршувањето на рокот за пријавување по јавниот повик, пријавените кандидати ќе бидат повикани. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени помеѓу општина Росоман, Агенцијата за вработување на Република Македонија и анажираното лице.