МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците одобрија 60.000 денари за претстојното гостување на КУД Росоман во Белчова, Турција

Советот наа општина Росоман вчера ја одржа редовната 12 седница со четири точки на дневниот ред. Откако го усвоија записникот од претходната седница советниците го усвоија и дневнниот ред. Прво беше усвоен предлогот за дополнување на програмата за изработка на УП и ЛУПД во Росоман за 2022 врз основа на поднесени иницијативи од физички и правни лица. Потоа советниците го усвоија предлог решението за член во УО на ЈОУДГ Праскичка. Едногласно помина и барањето на КУД Росоман за финансиски средства потребни за нивното претстојно гостување во Белчова, Турција а советниците одобрија сума од 60.000 денари. Последна точка беа советнничките прашања каде градоначалникот Стојан Николов одговори на неколку прашања поставени од советниците. Тој ги информраше советниците и граѓаните за отстранување на времените објекти во централното подрачје и околу општинската зграда каде се врши партерно уредување, каква е состојбата со гробни места, до каде е изградбата на атмосферска канализација на одредени улици, состојбата со каналот а договорено беше за следната седница да се изработи и финнансов извештај на потрошени средства за време на прославата на празникот духовден.

viber_image_2022-07-26_10-26-26-955 viber_image_2022-07-26_10-24-38-880

М. В.