МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во соопштението на ОО на СДСМ Росоман се наведува : „Александар Николоски зборува дека градоначалникот немал решение за инфраструктурните проблеми, па да го прашаме дали знае дека токму плоштадот пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ е направен изминатава година? Дали Николоски погледна и праша колку улици моментално се реконструираат или се веќе реконструирани? Тој зборува за проблемите на земјоделците, а заборава дека токму Владата предводена од СДСМ исплати приближно милион евра по основ на обештетување. Зарем Николоски не се сеќава дека исплатените средства за 2016 година од Владата на СДСМ се средствата што тие им ги должеле на земјоделците? Дали можеби и поставувањето на првата од трите мерни станици значи негрижа за земјоделците? Зошто никој не го информирал Николоски дека месните заедници се повеќе од било кога вклучени во функционирањето на општината и дека околните села не се заборавени? Училиштето во с. Сирково за прв пат доби парно греење, главната улица во с. Трстеник се реконструира, базенот за водоснабдување во с. Камен Дол е саниран и реконструиран, при крај се и активностите за проширување на ЈОУДГ ,,Праскичка’’, потпишан е договор за уредување на просторот покрај течението на Црна Река, делот околу зградата на општината доби целосно модерен изглед, имаме подобро улично осветлување, делот кај џамијата на самиот почеток на мандатот беше расчистен и поплочен - дали сево ова значи дека градоначалникот нема решение за проблемите и потребите на локалното население? Очајно е да се замижува пред се она што е изреализирано, а уште поочаен е обидот ширејќи лаги да се собираат политички поени. Попусто е! Граѓаните на Општина Росоман знаат најдобро!„ се наведува во соопштението на ОО на СДСМ Росоман. 319153086_519353713564320_5519594075971783850_n