МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ Почитувани, ве замолуваме да испаднете од вашите розеви наочари. Пред 1 година на сметката на општината имаше над 30 000 000 денари но што работите вие. Како тендерите паѓаат нешто слично како презреани круши се додека не ги добие фирма ваш миленик? Како секој проект го работат подизведувачи ваши миленици? Ни да почнеме проект по проект: Уредување на џамијата проект тендериран 2021 летото; Фамозна Партизанска е во некоја почетна фаза нема машини не се работи но веќе префрлени околу 43 000 евра на изведувачот; фамозната улица во Трстеник позната во јавноста како "улица тргни застани" или "кал до колена" веќе исплатени околу 25 000 евра на изведувач што не ни знае каде е Трстеник; Камен дол - санација на базен за водоснабдување - што би рекол еден ваш идеолог Ајде мајката !!!

Околу 10 цигли и канта поликолор околу 6000 евра; Да ви кажеме збор или два и за мерните станици, ОО СДСМ Росоман објавиле дека е поставена една ама не е една туку се многу повеќе. Толку знаете за проектот затоа што ни сте го аплицирале ни сте го реализирале. Проектот е аплициран од страна на Центарот за развој на ВПР а финансиран од БРР. Општината ни го тендерирала ни го реализирала.Вакви мерни станици се поставени во Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.Ама не ви се лутиме толку знаете. И за крај да ве прашаме што со средствата во висина од 680 000 евра обезбедени уште 2019 година од страна на Светска банка за Росоман за реконструкција и изградба на улици, пред 3 месеци објавивте ќе се реконструира улица Гоце Делчев или можеби ја завршивте без да знаеме.

Со почит, ОК на ВМРО ДПМНЕ Росоман„

-се наведува во соопштението од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Росоман .

317899946_1326201751481348_1609005498968048634_n 318357804_1531954007286029_7869137360526967817_n (1) 318424679_887761688884004_3347738739418190844_n (1)