МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СООПШЕНИЕ од Кабинетот на градиначалникот на Росоман. „Почитувани граѓани на општина Росоман, почитувани земјоделци. Сите сме запознаени дека во текот на денешниот ден се случи Хаварија на Сифонот на левиот магистрален канал на системот Макарија од кој Земјделците ја добиваат водата за наводнување на своите површини и тоа по левата страна од течението на Црна река се до испустот кај с.Ногаевци. Поради итноста и сериозноста на оваа хаварија одма излеговме на лице место заедно со дир.на Водостопанство Тиквеш Кавадарци како одговорна институција претседател на комисијата за земјоделие при советот на општина Росоман и ги информиравме сите одговорни и надлежни институции како Веднаш би пристапиле кон изнаоѓање решение и санирање на оваа Хаваријa.‼️Општина Росоман безрезервно ќе застане во решавањето на оваа Хаварија. Сакам да упатам апел да за смиреност на земјоделците и да не се злоупотребува политички настаната хаварија. Решение мора да има и ќе има„ ‼️