МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГФК Тиквеш ја порази ФК Ренова со 2:1

Kaвадаречкиит второлигаш денеска на Градскиот стадион извојува голема победа во Македонскиот фудбалски куп против силната екипа на Ренова.Добрите инструкции за тактиката од клупата на Тиквеш,и борбеноста на целата екипа за да се оствари поволен резулат, беа според нас, најзначајнките причини за успехот на Тиквеш.На средбата беа поделени неколку жолти картони, беше покажан и црвен, а сенка на средбата фрлија тешките повреди на двајца играчи-по еден од Тиквеш и Ренова, настанати во спортски дуел.Без разлика на тоа на натпреварот немаше тензија, доминираше ферплејот и борбата за поповолен резултат , што му успеа на Тиквеш.Ова е прва победа на официјалните натпревари на новиот стручен штаб на ГФК Тиквеш.Публиката на крајот ги награди победниците со аплауз.