МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со дуелот против Големо Коњари во гости во недела на 30 август, со почеток од 17 часот

Фудбалерите на третолигашот од Кавадарци стартуваат во есенско пролетната одисеја за освојување на првото место во ова натпреварување.Со тоа ке се оствари амбицијата да се направи обид да се влезе во Втората лига.

Во второто коло, кавадаречките фудбалери ќе имаат тешко гостување во Прилеп кај 11 Октомври, во третото го пречекуваат Партизан, а во четвртото ќе патуваат во Велес на дуел со Борец. Секако, најголемо внимание привлекува натпреварот од петтото коло во кое Тиквеш 2014 во дербито на Тиквешијата го пречекува неготински Вардар. Според предвидениот календар, овој натпревар ќе се одигра на 27 септември. Првата половина од есенскиот дел се заокружува со дуелот со Млекар, а потоа следуваат и натпреварите со Превалец, Црвена Ѕвезда, Дојранско Езеро, Зорбас Победа и Победа.

Во есенскиот дел товарот ќе го понесат играчите кои на убедлив начин му обезбедија на тимот пласман во третолигашкото друштво, засилени со неколку играчи од младинскиот и кадетскиот погон на фудбалскиот клуб Тиквеш 09.