МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На средбата присуствуваа сите фудбалери и управа на клубот.Се најавува подобрување на условите на стадионот.

На прес конференција на претсдетелот на Управниот одбор на ГФК Тиквеш 1930, Миле Масларков,најави борба за влез во Прва Македонска лига.Тој е задоволен од постигнатото-4 место-на крајот на првенството на Втора лига -Исток.Градоначалникот Митко Јанчев, кој денеска присуствуваше на средба со фудбалерите и управата,нагласи дека сите обврски на градот и неговиот кабинет кон клубот се завршени и има полна доверба во ова Управа и вети соодветно натамошно финасирање заедно со Советот со цел исполнување на Програмата која Управниот одбор ке ја достави до Кабинетот и Советот на Општина Кавадарци.

Средбата беше искористена Интернационалецот- репрезентативец на Македонија и фудбалерот на АЕК од Ларнака -Кипар, Даниел Мојсов од Кавадарци да му врачи на првиот човен на градот два дреса и други пригодни подароци .