МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕКИПАТА НА ТИМ ЛОКОМОТИВА ОД ГРАДСКО НАЈДОБРО ПЛАСИРАНА ОД СИТЕ ЕКИПИ КОИ ГРАВИТИРААТ ВО НАШИОТ РЕГИОН

Во третата македонска фудбалска лига група југ досега се одиграни 6 кола. Во последното одиграно коло изминатиов викенд беа постигнати следниве резултати: „Ново Црнилиште“ - „Младост“ 5-2, „Динамо“ - „Братство“ 1-4, „Превалец“ - „Големо Коњари“ 7-0, „Дојранско Езеро“ - „Обршани“ 0-2, „Младост“ Удово - „Вардар“ Неготино 1-3, „Напредок“ Крушеани - „Илинден БС“ 6-0, „Питу Гули“ - „Тим Локомотива“ Градско 0-3 а не се одигра средбата помеѓу „Габер“ и „Марена“. Според информациите кои ги добивме ова е втор меч кој екипата на „Габер“ не го одиграла по што им се заканува и казна. Во најлош случај доколку екипата од Ваташа нема разумно оправдување за неиграњето ке им следи и исклучување од лигата. На табелата во оваа конкуренција води екипата на „Напредок“ од Крушеани со максимални 18 бода пред екипата на „Ново Црнилиште“ која има 15. Третото место со по 12 бодови го делат екипите на „Превалец“, „Дојранско Езеро“ и „Тим Локомотива“ од Градско. Од останатите екипи кои гравитираат во нашиот регион екипата на „Вардар“ од Неготино се наоѓа на 10 место со 7 бода, „Марена„ се наоѓа на 14 место со само 3 бода а „Габер“ е последен 16 без ниту еден освоен бод. Екипата на „Тим Локомотива“ од Градско која засега одлично ја води проф. Сашко Пановски има убава можност дури и да си го поправи пласманот на табелата бидејки им следуваат две средби кои ги играат на домашен терен. Прво ке го играат дербито со „Ново Црнилиште“ а потоа ке го пречекаат и тимот на „Марена“. Со евентуални две победи екипата од Градско ке си ја зацврсти позицијата во самиот врв на табелата во ТМФЛ југ.

м.в.

125571360_389082589196327_4898896718304015124_n 125857198_687713572183628_5471089186532482499_n