МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Последната средба ја одиграа на 8 декември. Во Велес ја победија екипата на Гемиџии со 6 : 0.

Нашите намлади фудбалери, фудбалските погони, оние кои ке бидат иднина на фудбалот во Кавадарци, годинава се најдобри во својата категорија.Во натпреварувањето на ФФМ- Детска фудбалска лига централен регион, генерација на фудбалери на ГФК Тиквеш од Кавадарци родени 2006 и помлади предводени од наставниците(фудбалски тренери) Диме Златев и Јасенчо Каровски, како први ја завршија есенската полутапа.Голем успех за младите фудбалери на Тиквеш кој се должи на добрите игри, одличната педагошка,воспитна и фудбалска наобразба која ја добија од своите тренери,заземањето на Управата на ГФК Тиквеш за стварање услови за подмирување на трошоците за одигрување на првенствито и други услови кои се потребни за регуларно фудбалско првенство.Секако талентот и желбата за фудбалот се пресудни.Малку статистика за да сватите кои се фудбалерите на Тиквеш родени 2006 година.Тие одигаа 10 натпревари при што во 9 биле победници, еден натпревар го играле нерешенo и немале ниеден пораз.Примиле само 5 гола а на противниците им дале 64.Гол разликата е 59 гола што е максимално висок просек, досега незабележан во ова категорија на натpреварување.Ова полуетапа ГФК Тиквеш родени 2006 и помали освоиле 28 бода.Последната средба ја одиграа завчера на 8 декември. Во Велес ја победија екипата на Гемиџии со 6 : 0.Секоја чест за тренерите и честитки за децата.Признание и честитки пристигнаа од претседателот на управата на ГФК Тиквеш Миле Масларков и другите професионални тренери на Тиквеш и нивни колеги.Координатор на детските погони на Тиквеш е Трајче Димитриев- човек кој многу се залага за развој и негување на фудбалскиот подмладот на Тиквеш за сите категории на тимови и за децата и за тренерите кои даваат се од себе за развој и негување на фудбалот кај нас.За крај на успешната полусезона вчера младите фудбалери на Тиквеш вчера прославија со заедничка средбa.47683028_571165756667637_2802896082571362304_n.jpg

47105205_565560813894798_5132761750109683712_n.jpg