ГФК ТИКВЕШ - ОСОГОВО 3-1ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ ВО 12 КОЛО - РОСОМАН ПОРАЗЕН ВО ПЕХЧЕВО
12 коло во ВМФЛ група исток помина според очекувањата и предвидувањата. „Тиквеш“ ја оправда фаворитската улога во дуелот со „Осогово“ и славеше со 3-1. Кавадарчани први го отворија резултатот и поведоа во 26 мин со голот на Наумоски. Само три мин подоцна по една грешка на домашните фудбалери кочанчани максимално го искористија подарокот и преку Манов израмнија на 1-1 што беше и резултат на полувремето. „Тиквеш“ притисна во вториот дел и во 71 мин преку Темелков поведе со 2-1. Во 77 мин во шеснаесетникот на „Осогово“ беше фаулиран Мишов а судијата оправдано покажа на белата точка. Ударот на Христов гостинскиот голман го одбрани а на одбиената топка натрча и Гроздановски но биеше над голот. Во 89 мин повторно фаулиран беше Мишов за втор пенал за Тиквеш. Овој пат Мишов сам го изведе казнениот удар и ги постави конечните 3-1.Во Штип, „Брегалница“ очекувано со 3-0 го совлада „Кожув“. Средбата беше решена уште во првите 45 мин со головите на Кудијан во 22 и 43 и на Кудев во 45 мин. Со идентичен резултат заврши и средбата во Пехчево. Таму „Кит Го“ со головите на Дујовски и Мичковски во првиот дел водеше со 2-0 против „Росоман“. Во вториот дел росоманчани останаа со играч помалку бидејки беше исклучен Андонов а Ступиќ ги постави конечните 3-0. Со овој резултат заврши и средбата во Виница каде домакинот „Слога“ славеше над „Плачкоица“.Во Прилеп некако беше најинтересно. Таму „Победа“ со голот на Бошески во 5 мин поведе со 1-0 против „Саса“. Меѓутоа Дуков и Маркоски со головите во 15 и 17 мин го свртеа резултатот во корист на екипата од Каменица што на крај беше и конечен резултат. Трката за врвот останува да се води помеѓу „Брегалница“ и „Тиквеш“ бидејки третиот „Кожув“ веке заостанува преголеми 14 односно 12 бода зад водечките.
м.в.
-прво полувреме https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/2648647075446153
-второ полувреме https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/377857516999711