МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОВЧЕ ПОЛЕ ГО ПРЕЧЕКУВА ВАРДАР- НЕГОТИНО , РОСОМАН ИГРА СО МАРЕНА, А ВО ЦРНИЛИШТЕ ГОСТУВА ЛОКОМОТИВА ОД ГРАДСКО.

Додека трае зимската пауза во овој период обично викендите се резервирани за одигрување на контролни пријателски натпревари. Фудбалерите на „Тиквеш“ во сабота од 14 ке гостуваат во Скопје на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари а противник ке им биде прволигашот „Работнички“. Романтичарите во последната контролка одигра 1:1 со „Пелистер“, а „Тиквеш“ досега ги победи „Беласица“ на гости со 2:3 и „Плачковица“ дома со 4:2 . „Вардар“ од Неготино во сабота ке патува за Свети Николе на дуел со третолигашот „Овче Поле“ за кој ова ке биде прва контролка. Неготинчани досега загубија од „Кадино“ ремизираа со „Кожув“ и ја совладаа прилепска „Победа“. И во недела два интересни контролни дуела. Второлигашот „Росоман“ ке игра со третолигашот „Марена“. За екипата од Марена ова ке биде прва контролка додека росоманчани забележаа две победи против „Црнилиште“ и „Локомотива“. А токму екипите на „Црнилиште“ и „Локомотива“ во недела од 13 часот ке одиграат меѓусебен контролен натпревар.

м.в.