МАЛИ ПРОМЕНИ НА ТАБЕЛАТА ПО 16 КОЛО КАЈ ТРЕТОЛИГАШИТЕ ПО ОДИГРУВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ ДЕРБИ НАТПРЕВАААРИ

Во 16 коло од третата македонска фудбалска лига група југ се подиграа неколку дерби натпревари. „Превалец“ го нагости лидерот „Локомотива“ но одиграа без голови 0:0 со што екипата од Градско ја загуби челната позиција на табелата. Во второто дерби „Ново Црнилиште“ го совлада „Напредок“ со 2:0 и се искачи на првот на табелата со 2 бода предност пред „Локомотива“. „Вардар“ од Неготино гостуваше кај „Братство“ и имаше водство на полувреме од 1:2. На стартот на вториот дел домакинот израмни а во 88 мин и постигна гол вреден 3 бода со што пак ги оддалечи неготинчани од борбата за врвот. „Големо Коњари“ и „Обршани“ ги поделија бодовите играјки 2:2 а бодовите ги поделија и „Динамо“ во дуелот со „Марена“ кои одиграа 3:3. „Младост“ од Кривогаштани освои службени бодови бидејки екипата на „Илинден“ од Башино Село не се појави на теренот, а екипата на „Дојранско Езеро“ беше убедлива и со 3:1 го совлада тимот на „Питу Гули“.

М.В.

160938335_1385472261785331_4161839786054645896_n