МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НОВИОТ ВТОРОЛИГАШ И ВО ТРЕТОТО КОЛО НЕ УСПЕА ДА ГИ ОСВОИ ПРВИТЕ ВТОРОЛИГАШКИ БОДОВИ

Екипата на Локомотива од Градско и во третото коло не успеа да освои второлигашки бодови. Тие се поразени на домашен терен од екипата на Слога од Виница со резултат 1-2. Бојан Иванов го отвори мечот со погодок во петтата минутаа гостите преку Халил Бериш стигна до двојна предност пред паузата. Кон самиот крај Џемал Ибрахимовиќ реализира пенал за да го ублажи поразот на домаќинот. Во дербито на истокот помеѓу Победа и Каменица Саса во Прилеп немаше победник бидејки средбата заврши 1-1. Осогово одигра рутински меч на домашен терен и го победи Братство од Житоше со 2-0. Дуелот на фаворитот Беласица и Кит-Го од Пехчево во Струмица заврши со триумф на домашните од 3-1, а без голови 0-0 одиграа Детонит Јуниор и Кожуф.Во западната конференција скопски Вардар ја запишаа премиерната победа во Втората македонска фудбалска лига откако на свој терен славеше против Воска Спорт со резултат од 2-0. Силекс дојде до триумф на гости кај Охрид со 0-1 и остана единствен со максимален учинок. На останатите натпревари Тетекс ремизираше со Кадино играјќи 1-1, Беса освои три бода на гости кај Гостивар откако славеше победа со 0-2 додека Кораб минимално со 1-0 го совлада тимот на Велешта.

М.В.