БОРБАТА ЗА ВРВОТ СТАНУВА СЕ ПОИНТЕРЕСНА ВО ГРУПАТА ЈУГ БИДЕЈКИ ВО КОНКУРЕНЦИЈА СЕ ДУРИ 8 ЕКИПИ

Локомотива во Градско ги разочара своите навивачи и сите симпатизери од регионот со потразот од 1:2 на домашен терен од Дојранско Езеро.Истото можеме да го кажеме и за лидерот Ново Црнилиште кој со убедливи 3:0 загуби нагости кај аутсајдерот Големо Коњари. Вардар од Неготино по поразот од Братство во минатото коло го смени тренерот Глигоров а неговото место го завзеде Мико Чаушев кој покрај тренерската ке има и играчка улога. Промената вроди со плод и неготинчани не дозволија изненадување на домашен терен па со 4:0 го совлада тимот на Младост од Кривогаштани. Марена на домашен терен направи мало изненадување совладувајки го со 3:1 амбициозниот и фаворизиран тим на Превалец. Илинден во Башино Село одигра 1:1 со Динамо,додека во Крушево, Питу Гули со 3:0 го совлада тимот на Младост од Удово. Во дербито Обршани успеа да загуби на домашен терен од екипата на Братство со резултат 1:3. Борбата за првенствениот врв во оваа конкуренција станува сега мошне интересна бидејки лидер е Ново Црнилиште со 37 бодови,а Локомотива од Градско која долго време беше лидер сега заостанува два бода има 35. Екипите на Превалец и Напредок собраа по 31,Братство има 30 а Вардар од Неготино 28.

М.В.

162053911_266648935175280_1511193763988718084_n