МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРВОЛИГАШКАТА СЕЗОНА КАВАДАРЧАНИ КЕ ЈА ОТВОРАТ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ПРОТИВ АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН

Во просториите на ФФМ вчера беше извршено жребување и одреден распоредот на натпревари за новата натпреварувачка сезона во првата македонска фудбалска лига. Според истата новата сезона во Кавадарци во првото коло ке стартува со дуелот на домашен терен против актуелниот шампион екипата на Шкендија. Брегалница воведниот натпревар во прволигашката сезона ке го одигра во Штип против Шкупи. Скопје ќе гостува кај Ренова, Македонија Ѓ.П. ќе игра со Пелистер. Во Струмица, Академија Пандев ќе игра со Струга Трим Љум, додека Работнички ќе го пречека тимот на Борец. Натпреварите од 1. круг ќе се одиграат на 8. август со почеток во 17:30 часот. Тиквеш во второто коло ке му гостува на Борец во Велес на 15 август, потоа на 18 август играме дома со Академија Пандев, па на 22 август гостуваме на Работнички. Потоа ке следуваат две домашни средби, прво со Струга на 28 август па со Ренова на 12 септември итн.

М.В.

223235255_946376802878145_2572628458951463343_n