Вардар и даде 9 на Слога, Превалец му даде 12 на Динамо, Росоман со петка го почести Возарци а Питу Гули броеше до 6 против Бучин

Вчера се одиграа средбите од вонредното 24 коло во ТМФЛ група југ. Лидерот на табелата, екипата на Вардар во Неготино го декласираше тимот на Слога од Лажани со убедливи 9-0. Уште поубедлива победа забележа второпласираниот тим на Превалец кој го растури Динамо со 12-0. Екипата на Росоман во комшиската пресметка го доби Возарци со 5-0, а Марена забележа важна победа од 2-0 против Големо Коњари. Питу Гули во Крушево беше убедлив и со 6-0 го совлада Бучин, а Младост во Кривогаштани го изненади Ново Црнилиште и го совлада со 3-2. До крајот остааа уште две кола а Вардар Неготино ја одржа предноста од 5 бода во однос на Превалец.

Веке овој викенд неготинчани можат да се промовираат како учесници во баражот за место во единствената втора лига.

М.В.