МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фудбалските прволигаши заради репрезентацијата средбите од 5 коло ги играат утре, во сабота.

Заради репшрезентативни обврски фудбалските прволигаши средбите од редовното коло ке ги одиграат утре, сабота со почеток од 16 часот. Тиквеш амбициозно ја стартуваше прволигашката сезона каде по цели 17 години се врати во елитата. Кавадарчани одиграа нерешено со шампионот Шкендија по што следуваа 3 порази. Затоа утрешниот натпревар кој ке се одигра на градскиот стадион во Кавадарци каде ке гостува екипата на Струга Трим Лум е од исклучителна важност за кавадарчани. Станува збор за натпревар кој домакинот едноставно мора да го добие пред паузата во првенството. Стружани по 4 кола имаат 8 бода и котираат високо на табелата што е најава за квалитетна фудбалска претстава Во останатите средби од ова 5 коло Пелистер во Битола ке брка први бодови во дуелот со Шкендија, Македонија ЃП го пречекува Борец а во битката за главниот град ке се сретнат Шкупи и Скопје. Брегалница во Штип ке го пречека лидерот екипата на Академија Пандев а дерби на колото би требало да биде средбата Ренова - Работнички.

М.В.