МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Македонија го совлада Исланд со 3-1 и обезбеди бараж за Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија уште еднаш ја зарадува нацијата со победата над Исланд од 3-1 и со оваа победа обезбеди пласман во баражот за Светското првенство во Катар. Но доколку сакаме да играме на светскиот собир ке мора да играме по новите комплицирани правила на ФИФА. Имено првопласираните од 10 квалификациски групи директно обезбедија учество на СП, а таму ке има место само за уште 3 репрезентации од Европа. Дванаесет репрезентации (десет второпласирани од квалификациите и две селекции победници по групи од Лига на нациите) ќе бидат поделени на носители и неносители. Шесте најдобри второпласирани ќе бидат носители, а преостанатите четири и двете репрезентации од Лигата на нации ќе бидат неносители. Македонија теоретски може да биде носител, бидејќи во мини-табелата се сметаат само резултатите со прво, трето и четвртопласираните селекции во групата. Појасна слика ќе се добие кога ке бидат комплетирани квалификации во вторник. Овие 12 репрезентации ќе бидат поделени на три мини-турнири со по 4 екипи, како што беше случајот во дополнителните квалификации за Европското првенство. Турнирите ќе бидат извлечени со ждрепка, која ќе се одржи на 26 ноември. Ќе се играат две полуфиналиња. Победниците од полуфиналето ќе играат во финалето и победникот на секој од овие три мини-турнири ќе се квалификува за Катар.Предноста на домашниот терен во полуфиналето ја имаат носителите.Полуфиналните натпревари се закажани за 24 и 25 март, а финалето на 28 и 29 март следната година. Носителите имаат предност на домашниот терен во полуфиналето, а ждрепката ќе одреди која полуфинална двојка ќе биде домаќин на финалето.

М.В.