МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФУТСАЛЦИТЕ ГОСТУВААТЦрна Река му гостува на Арбен Џафери а Клими патуваат во Тетово

Викендов ке се одиграат средбите од 11 коло во првата машка футсал лига , последно во оваа година. Колото денес го отвараат Шкупи и Железарец. Утре играат Карадаку - Јувентус Серава и Арбен Џафери - Црна Река. Домакинот е фаворит но кавадарчани немаат намера на ова гостување да патуваат со бело знаме. Во недела своите натпревари ке ги одиграат Велес-Шкендија, и Енхалон - КМФ Проект Во втората футсал лига на програмата ке биде 9 коло. Фудбалерите на Клими гостуваат во Тетово кај незгодниот тим на СЕЕ Университи. Мал Ајакс во дербито го пречекува тимот на Конзули а во второто дерби Форца игра со Астибо. Овче Поле ке го пречека лидерот Кеги Моби а Кардашлк му е домакин на Црешово Топче. Средбата Велешта - СФК Проект нема да се игра бидејки Велешта се дисквалификувани поради два неодиграни натпревари.

М.В.

264647253_509247153563771_6983410002602324753_n