Андреј Лазаров четврто засилување во редовите на ГФК Тиквеш

Неофицијално дознаваме дека со стартот на првата и двете втори лиги можно е да стартува и натпреварувањето во третата македонска фудбалска лига група југ. Според некои портали наводно на 23 јануари раководството на третата МФЛ група југ ке одржи состанок со клубовите и доколку се помине во најдобар можен ред веке на 20 февруари ке стартува сезоната која требаше да стартува во септември но заради протоколите за заштита од Ковид 19 беше ставена во статус кво позиција. Конкретно проблем беше тестирањето пред секој натпревар и трошоците кои паѓаа на терет на клубовите. Планирано е целата сезона да се одигра во пролетниот дел до крајот на месец мај а сите екипи кои нема да прифатат да играат автоматски ке бидат дисквалификувани во понизок ранг. Според информациите екипата на Вардар од Неготино веке стартуваше со подготовките а тимот на Росоман се очекува тоа да го стори на почетокот на следната недела. Двете екипи најавуваат дека како цел ке го имаат пласманот во баражот кој може да ги однесе во втората лига.Кога сме кај фудбалот да напоменеме дека ГФК Тиквеш го официјализираше и четвртото засилување. Станува збор за Андреј Лазаров кој повторно ќе го носи дресот на Тиквеш, но сега не како позајмен играч туку како фудбалер кој има договор со кавадаречкиот клуб. Лазаров си замина од Работнички, а токму Тиквеш бил најбрз и успеал да го врати во своите редови. Ова е големо засилување на Тиквеш, а Лазаров во овој клуб како позајмен играч од Работнички играше во неколку наврати. Последен пат тој во Кавадарци беше од август 2019 до јануари 2021.

М.В.